Хрватска и БиХ подигаат ниво на подготвеност поради епидемијата на новиот коронавирус

Од:

Кризниот штаб на хрватското Министерство за здравство денеска подигна ниво на подготвеност поради епидемијата на коронавирус и предложи формирање Национален кризен штаб за координација на сите услуги во случај на појава на новиот вирус во Хрватска.

Ако при влез во Хрватска биде откриено болно или лице со симптоми, ќе биде известена гранична санитарна инспекција и таа ќе контактира со епидемиолог, кој ќе провери дали тоа лице е со симптоми и дали треба да биде упатено на Клиниката за инфективни болести, објасни Крунослав Цапак, директор на Хрватскиот институт за јавно здравје.

Според него, оние кои немаат симптоми ќе бидат во т.н. активен здравствен надзор, што значи дека тие ќе бидат дома и епидемиолози ќе контактираат со нив секојдневно за да проверат за можни симптоми.

Цапак истакна дека не постои опасност од пратка од Кина, бидејќи вирусот не може да преживее долго време надвор од живи организми.

Федералното Министерство за здравство на БиХ формираше Кризен штаб за да ја следи состојбата и да преземе мерки за да се спречи и открие можен случај на заболување предизвикано од новиот коронавирус како и координирање на активности помеѓу надлежните институции.

Седиштето е формирано откако Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи таа епидемија за вонреден јавно-здравствен случај од меѓународно значење и во врска со тоа, беа дадени препораки до сите земји во светот.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер