Хрватска една од државите со кои НСА има тајни договори за шпионирање

Од:

Хрватска е една од државите со кои американската Национална агенција за безбедност (НСА) има тајни договори за шпионирање, покажуваат новите документи откриени од порашениот службеник во НСА, Едвард Сноуден.

Тајни договори за шпионирање склучени се со 33 држави меѓу кои е и Хрватска, јавија хрватски медиуми.

Од европските држави, договори со НСА имаат Британија, Австрија, Белгија, Чешка, Унгарија, Македонија, Холандија, Данска, Финска, Франција, Норвешка, Германија, Полска, Грција, Италија, Романија, Шпанија и Шведска.

На американските шпиони договорите им овозможуваат да надгледуваат комуникација што се остварува преку оптички кабли на територија на тие држави.

Склучувањето на договорите е остварено во рамки на НСА програмата со назив РАМПАРТ. Во документите на НСА се вели дека во рамки на РАМПАРТ странските партнери обезбедуваат пристап до кабли и примаат американска опрема.

Сноуден изјави дека од сите неодамна објавени документи, податоците за РАМПАРТ претставуваат „скапоцен камен во круната“ во НСА и тоа е дел од огранокот на Агенцијата под назив Извор за специјални операции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон