Хрватска е подготвена за влез во ЕУ

Од:

Досието на Хрватска можеби не е совршено, но наспроти тоа таа е подготвена да се приклучи кон Европската унија во јули, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Весна Пусиќ во интервју за ДПА.

Пусиќ во интервјуто се обиде да ги отфрли стравувањата дека во лицето на Хрватска ЕУ ќе прифати ново „проблематично дете“.

– Ниту една земја не беше принудена да исполни така тешки критериуми во преговорите за членство. Хрватска не е идеална, но поседува рамка потребна да стане достојна членка на ЕУ, истакна Пусиќ.

Хрватска беше остро критикувана поради лошата борба против корупцијата и неуспехот на реформите во правосудниот систем.

Неодамна претседателот на германскиот Бундестаг Норберт Ламерт изјави дека Хрватска не е доволно зрела за приклучување кон ЕУ. Тој ја повика ЕУ да ги погледне последните прифаќања на Романија и Бугарија, кои пристапија во 2007 година, но се уште не ги имаат постигнато западните стандарди во областа на владењето на правото.

Пусиќ нагласи дека случајот со Хрватска не е таков, истакнувајќи дека земјата ги зајакнала институциите во изминатите десет години и дека веќе се подготвени за приклучување.

Евроскептиците сепак стравуваат дека една нова членка на ЕУ, која веќе е заглавена во долгови, може само да претставува нов товар врз и без тоа нестабилните финансии на сојузот.

Рејтинг агенцијата „Стандард енд Пурс“ месецов ја намали оценката на хрватските хартии од вредност до ниво „ѓубре“, што значи дека кредитирањето на земјата е толку скапо што таа не може да ги сервисира своите долгови.

Хрватска, која има население од 4,3 милиони, должи 61,4 милијарди долари и очекува 4,9 милијарди долари буџетски дефицит во 2013 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Експлозија го потресе Загреб

Горан Наумовски

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски