Хрват осуден во Уругвај на 15 години затвор за шверц на два тони кокаин

Од:

 Хрватскиот државјанин Анастасие Мартинчиќ, уапсен во октомври 2009 година во Уругвај со над два тони кокаин, беше осуден во Монтевидео на 15 години затвор и може да биде екстрадиран во Хрватска.

kokain-01Уругвајските власти го уапсиле Мартинчиќ на 15 октомври 2009 година, откако открија во неговата јахта 2.164 тони кокаин, испратен за црногорското пристаниште Бар.

Тоа беше најголемата заплена досега на чист кокаин.

Хрватот беше уапсен во операција во која соработуваа агенти од Уругвај, Аргентина, САД и други земји.

Судот за борба против организираниот криминал истакна во пресудата дека Мартиниќ е особено опасен поради припадност кон српско-хрватска мрежа за шверц со наркотици.

Некои од членовите на мрежата беа уапсени во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска