Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

Од:

Маж од Сплит (51) е казнет со 700 евра бидејќи во септември минатата година омаловажил полицаец и неговиот начин на работа, пишува Слободна Далмација.

Човекот на Фејсбук, во коментарите под текстот на еден сплитски портал напишал: Овој и мене ниту пијан, ниту дрогиран ме награди со одземање на мојата возачка дозвола бидејќи тој…Во прилог објавил и записник потпишан од полицаецот.

Сплитчанецот на тој начин го прекршил Законот за прекршоци против јавниот ред, пресуди Сплитскиот Општински суд за прекршоци.

Во наведениот Закон е наведено дека со парична казна од 700 до 4.000 евра или затвор до 30 дена ќе се изрече секој што омаловажува или навредува службени лица за време или во врска со вршењето на нивната должност, јавува Слободна Далмација.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби