Хоти најави косовска амбасада во Ерусалим и покрај протестите од Брисел

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска изјави дека официјална Приштина ќе отвори амбасада во Ерусалим, согласно договорот со американскиот претседател Доналд Трамп, и покрај противењето на ЕУ, јави Радио Слободна Европа.

Хоти рече дека тоа е обврска која ја презела Приштина и дека ќе продолжи со примената на тој договор.

По денешната средба во Брисел, Хоти рече дека денеска во Брисел не станало збор за договорот во Вашингтон, но најави усогласување со европската политика во иднина.

– Тоа не беше тема на состанокот. Нашата перспектива е интеграција во Европската унија. Немаме друг начин, мора напорно да работиме со ЕУ. Договорот беше постигнат во Вашингтон, а признавањето од Израел е важен чекор за консолидирање на државноста на меѓународната сцена. Ќе работиме заедно. Заедно со ЕУ и САД за зајакнување на државноста на Косово. Ја презедовме обврската и ќе се движиме во таа насока, рече Хоти.

Како што објаснија европските официјални лица за Радио Слободна Европа, самото прашање за отворање амбасади во Ерусалим било неочекувано и нешто што многу го изненадило Брисел.

– Не постои ниту една ЕУ амбасада во Ерусалим. Канцеларијата на делегацијата на ЕУ не е во Ерусалим, изјави денеска портпаролот на ЕУ Питер Стано. Тој потсети на заедничкиот став на Европската унија дека статусот на Ерусалим за ЕУ ​​останува непроменет и дека тие се за „моделот на две држави“. Затоа, европските официјални лица очекуваат и Косово и Србија да ја усогласат својата надворешна политика со онаа на ЕУ, пренесува РСЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ