Хорор во Крушевац: Насилник си ги претепал родителите со раце, нозе и срп

Од:

Припадниците на МВР во Крушевац го приведоа Д.М.(52) од околината на овој град, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство.

Тој е осомничен дека во семејното домаќинство со раце, нозе и срп ги претепал седумдесет и четиригодишниот татко и седумдесет и шестгодишната мајка.

Тие биле пренесени во Крушевачката општа болница, каде кај таткото биле констатирани тешки повреди опасни по живот, додека мајката имала неколку повреди по телото.

По наредба на Основното јавно обвинителство Крушевац, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

Би можело да ве интересира

Се самоуби полицаец од Сомбор: сопругата пронашла проштално писмо

Ана Ололовска

Почина жената која утрово падна од прозорец на српското Министерство за одбрана

Потпишан меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина со Србија

Маж и бремена жена од Зрењанин починале од задушување со плин

Горан Наумовски

Жена паднала низ прозорец од седмиот кат на зградата на Министерството за одбрана на Србија

Горан Наумовски

„Штом и пријде машко лице, таа плаче“: Девојчето кое беше малтретирано од нејзиниот татко има само 10 килограми и е во тешка состојба

Горан Наумовски