Хојт Ји: Балкансите земји треба до крај да се определени за членство во ЕУ

Од:

Претставникот на американскиот Стејт департмент, Брајан Хојт Ји денеска во Блед изјави дека интеграцијата и трансформацијата на Западен Балкан е во интерес на Брисел и на регионот и додаде дека во моментот недостасува подготвеност за тоа од страна на европските институции.

Тој истакна дека ЕУ можеби е најважната поединечна сила за остварување на просперитет и мир во Европа и оти земјите од регионот мора да поседуваат максимална волја за трансформација со цел да станат членки на Унијата.

– Меѓутоа, некои земји од Балканот не донеле таква одлука и не се до крај определени за членство во ЕУ… Тоа е двостран процес и ЕУ мора целосно да биде подготвена да ги прифати оние кои треба да се трансформираат, а тие земји треба да бидат сигурни сто отсто дека сакаат да бидат дел од ЕУ, а не 50 проценти, посочи заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Азија.

Тој додаде дека е „сосема возможно земјите од Западен Балкан да останат надвор од ЕУ, иако е од витален интерес ЕУ да ги има како членки“.

Бледскиот стратешки форум, на кој учествуваа над илјада учесници од 70 држави заврши вечерва. Дводневниот собир помина во дискусии за иднината на ЕУ во изменетиот свет, ситуацијата во регионот на Западен Балкан и перспективите за членство во Унијата, но и за најактуелните светски теми, како што е кризата на Корејскиот Полуостров.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел