Хојс: Потврдите за вакцинација се дискриминирачки

Од:

Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хоjс предупреди дека предлогот на Европска Комисија за издавање на сертификати за вакцинација против Ковид-19 е дискриминирачки кога поголем број граѓани немаат пристап до вакцината.

– Мислам дека ова е многу, многу дискриминирачки, нагласи тој на виртуелен разговор со новинари од словенечките медиуми во Брисел.

Според него, тоа би значело дека привилегираните ќе бидат вакцинирани, ќе имаат сертификат за вакцинација и ќе можат да патуваат, додека повеќето луѓе немаат ниту пристап до вакцината.

Хојс оцени дека тоа би бил лош потег, со оглед на брзината на вакцинирање во Словенија поради ограничените резерви на вакцини.

ЕК утре ќе претстави предлог за дигитален зелен сертификат, што ќе го олесни патувањето за време на пандемијата со Ковид-19 во рамките на ЕУ. Сертификатот треба да содржи информации за вакцинација, негативен тест или потврда за имунитет.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија