Хоџај: Преговорите со Србија во Брисел ќе продолжат во февруари

Од:

Потпретседателот на Владата на Косово и челн на државната делегација за преговори со Србија Енвер Хоџај најави дека наредната средба на преговарачките тимови на двете држави со посредство на Европската унија ќе се одржи во Брисел во текот на идниот месец.

Хоџај за весникот „Зери“ изјави дека Приштина се уште не добила никаква официјална покана, но дека треба да се очекува состанокот во рамките на дијалогот за изнаоѓање конечно решение за споровите меѓу двете земји да се одржи во текот на февруари.

Весникот наведува дека косовската делегација, која беше формирана од Собранието кон крајот на минатиот месец, утре ќе ја презентира својата плкатформа за дијалогот во Брисел, во која ќе ги соопшти темите за кои двете земји ќе разговараат.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски