Хејг: Се надевам дека ЕС сака проширување

Од:

Британскиот шеф на дипломатијата Вилијам Хејг во Загреб истакна дека се надева дека Европскиот совет во јуни ќе биде склон на проширување, но таа одлука мора да биде едногласна.

На новинарските прашања дали Македонија и Србија во јуни ќе добијат датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, Хејг нагласи дека тоа зависи од нивниот индивидуален напредок и исполнување на критериумите.

-Се надевам и верувам дека ЕС ќе сака проширување, но таа одлука мора да се донесе едногласно-заклучи тој по разговорот со хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ.

Британскиот министер изјави дека во Белград разговарал со српските официјални лица за проширување на ЕУ и за преговорите со Приштина.

Хејг додаде дека ќе ја следи примената и спроведувањето на договорот помеѓу Белград и Приштина.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија