Хашим Тачи во посета на Загреб

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска во Загреб ќе разговара со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, најавено е од хрватската влада.

Тема на разговорите, како што е најавено, ќе бидат односите во регионот и Европската Унија.

Тачи оди во посета на Хрватска, пет дена откако американската државна секретарка Хилари Клинтон, за време на посетата на Загреб, ја нарече Хрватска клучна за стабилноста во регионот.

Хрватските медиуми претпоставуваат дека Тачи од Милановиќ ќе бара помош околу преговорите со Србија.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење