Харадинај: Таксата на производите од Србија нема да се укине

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и порача на својата српска колешка Ана Брнабиќ дека се додека Србија продолжува да работи против Косово, таксата од 100 отсто на увозот на српски производи нема да се укине.

Српската премиерка изјави за РТС дека Белград ќе биде подготвен да го продолжи дијалогот со Приштина само откако Владата на Харадинај ќе ја повлече спорната одлука.

Косовскиот премиер го коментира и писмото со кое Брнабиќ го повика албанскиот премиер Еди Рама да го преиспита признавањето на Косово, нарекувајќи го „бесрамно“ барање.

– Вие гледате дека српската премиерка Брнабиќ продолжува со писма до разни влади и не се срами да му пишува и на Еди Рама и да бара од него повлекување на признавањето. Затоа, се додека Србија има таков пристап, многу лесно може да се разбере зошто ние сме постапиле така, изјави Харадинај.

Косовскиот премиер изјавата за новинари ја даде за време на денешната посета на штандот на организацијата „Аутизмот говори“ во центарот на Приштина.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“