Харадинај не доби виза за САД поради таксите за Србија и БиХ

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај не доби американска виза и нема да може да присуствува на конференцијата за Балканот на почетокот на февруари, објави денес „Ал Џезера Балкан“ повикувајќи се на извори од Стејт департментот.

Харадинај претходно доби покана за учество во работата на конференцијата која што треба да започне на 6 февруари.

Сепак, неименуван извор од Стејт департментот потврди дека Харадинај не доби виза поради таксите кои Приштина ги воведе кон Србија и Босна и Херцеговина.

„Ал Џезера Балкан“ наведува дека и еден од организаторите на конференцијата потврдил дека Харадинај нема да може да присуствува на истата.

Претходно денес беше објавено дека Советот за национална безбедност на САД и Стејт департментот усвоиле документ во осум точки во кои од владата во Приштина бараат веднаш да се укинат таксите на стоката од Србија, а доколку не го сторат ќе следат санкции од САД.

Харадинај одговори дека Приштина ќе ги укине таксите откако ќе добие меѓународни гаранции дека финалниот договор со Белград ќе резултира со вземно признавање.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро