Харадинај: Корекција на границите е опасен експеримент

Од:

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај денеска изјави дека корекцијата на границите е опасен експеримент и со тие иницијативи мора да се биде многу внимателен.

– Играта со границите и територии е опасен експеримент и ги повикувам сите да бидат внимателни. Секогаш кога ќе започне темата за границата, нема гаранција како тоа ќе заврши, и по сите трагедии, Косово не може да си го дозволи тој луксуз, рече Харадинај

Коментирајќи го предлогот на политичките водачи на Албанците од југот на Србија дека Собранието да усвои резолуција за спојување на тие општини со Косово, Харадинај нагласи дека при секое отворање на гранични прашања не е сигурно какви трагедии може да произлезат од тоа и во чија корист тоа ќе заврши. Тој истакна дека изолацијата на Косово е многу поголем проблем од посетата на Александар Вучиќ и прашањата за корекција на границите.

Би можело да ве интересира

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија