Харадинај до Вучиќ: Цел свет ја знае границата меѓу Косово и Србија, друга нема да има

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му порача на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „цел свет знае каде се границите меѓу Косово и Србија“ и дека „тие граници ги чува и НАТО“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај со оваа изјава му одговори на претседателот на Србија, кој на меѓународната конференција во Минхен изјави дека „не се знае каде е границата со Косово“, дека двете соседни земји „треба да се признаат единствено во рамките на постоечките граници“.

– Изјавата на претседателот Вучиќ дека не знае каде е границата е погрешна. Цел свет ја знае границата меѓу Косово и Србија. НАТО ја знае, и НАТО ги чува тие граници, ние ги чуваме тие граници, нашите воени полиции патролираат и можат да се видат долж таа гранична линија. Нема да има други граници меѓу Косово и Србија, порача Харадинај од неговотро родно место Глоѓане.

Косовскиот премиер рече дека неговата влада им ги гарантира сите права на малцинските заедници, но нема да дозволи создавање некаков српски ентитет, односно, како што рече, „друга република внатре во Република Косово“.

– Никој не е против правата на зедниците. Ние никогаш не би сакале да видиме некого да живее во потешкотии во нашата земја, во случајов ниту Србите. Но, никој веќе во светот не дозволува внатре во неговата држава да се формира друга држава, како што тоа го направи Република Српска во Босна. Ниту Косово нема да дозволи друга република внатре во Република Косово. Тоа е невозможно и тоа нема да се случи, изјави Харадинај.

Тој нагласи дека оваа негова изјава е со цел „да им појасни на косовскиот народ и на меѓународните пријатели“ дека „признавањето од Србија ќе го прифати само во рамките на постоечките граници меѓу двете држави“.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски