Харадинај: Дијалог со Србија само со посредство на САД, нема мини шенген без заемно признавање

Од:

Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, во интервју за албанската Ора њуз, изјави дека дијалогот Приштина-Белград не треба да продолжи без присуство на Соединетите Американски Држави.

Тој смета дека треба да се одвива со посредство на САД, а не на ЕУ.

– Ние сега треба да ја поканиме Америка на маса во дијалогот, да не одиме напред во дијалог без Америка. ЕУ не е единствена, тие се хетерогени. Има пет земји кои сè уште не го признале Косово. Двајцата високи претставници на ЕУ на кои им е доверен дијалогот доаѓаат од земји кои не го признаваат Косово, Борел од Шпанија, Лајчак од Словачка. САД не изразија дилеми околу суверенитетот на Косово. Ние имаме интерес да ги имаме САД на маса со нас. Бајден, кого јас лично го познавам, е заинтересиран за прашањата на Балканот, тој го познава албанското прашање и ве уверувам дека е идеално време да се побара помош од САД, изјави Харадинај.

Пред онлајн средбата на шестмината балкански лидери најавена за утре со канцеларката Ангела Меркел, која ја вклучува и идејата за Балкански мини шенген, Харадинај вели дека таквата економска унија не може да постои без признавање на Косово од Србија.

– Кога ќе се случи признавањето, пречките се отстрануваат и за мини шенгенот. Сè додека Србија не нè признае, тоа е неправедна ситуација. Косово е во нерамноправна позиција во споредба со другите земји во регионот. Редот на нештата треба биде прво признавањето на Косово, а потоа мини шенген, смета тој.

Веќе во опозиција, поранешниот премиер критикува за непотизам во владата на актуелниот косовски премиер Албин Курти и цели кон еден посилен фронт против него со лидерите на ПДК и ЛДК.

– Кога беше во опозиција, Курти изгради принципи, ветувања, ставови што ги смени откако стана премиер. Тоа е конфузна ситуација, во однос на дијалогот и одлуките што се носат. Тој отстапи од принципите, сакаше да се бори против непотизмот, но не го прави тоа. Сити министри си ги вработија своите од фамилиите. Милитантите набрзина се ставаат на важни позиции, каде се бара еден вид неутралност. Постојат многу прашања што го прават да биде критикуван, оценува Харадинај.

Во врска со односите на Приштина со официјална Тирана, „нема никакви пречки“, оценува Харадинај, против кого албанскиот премиер Еди Рама поднесе тужба за клевета, па ја повлече, но и понатаму односите им се заладени.

Би можело да ве интересира

Харадинај: Курти пред да го убие српскиот динар, го уби еврото

Горан Наумовски

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Харадинај: Курти очајно се обидува да ги прикрие несогласувањата со сојузниците, особено со САД

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски