Хаос во Будва: Маж нападна млад човек со секира, го претепа, па му го демолираше возилото

Од:

А.А.(20) од Будва синоќа бил тешко повреден, а автомобилот му бил демолиран откако бил нападнат од сограѓанинот Н.С.

Како што изјави за „Вијести“ семејството на повредениот, инцидентот се случил синоќа околу 22 часот во населбата Вељи Виноград, кога младиот човек се обидел да го паркира своето возило. Тогаш од друг автомобил дошол Н.С., држејќи секира во раката.

– Тој најпрво се доближи до сопатникот, а кога виде дека зад воланот седи А.А., се префрли на другата страна. Брат ми излегол од автомобилот и потоа Н.С. го удри со рачката по глава, по што брат ми падна на асфалтот. Н.С потоа почна да удира со секира по автомобилот – изјави сестрата на повредениот млад човек, која изјавила дека случајот e пријавен во полиција.

Според полицијата, синоќа од Котор во Рисанската болница бил пренесен А.А., се здобил со расекотина и тежок потрес на мозокот. Лекарите ја сошиле раната, а младиот човек се уште е во болница, поради што се уште не дал изјава во полиција.

До конфликтот наводно дошло поради девојката.

Од будванската полиција за „Вијести“ потврдија дека институцијата го истражува целиот случај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема тепачка на седницата на тајванскиот Парламент

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Белградското обвинителство бара притвор за еден од тепачите на генералот Чаѓеновиќ

Инцидент во Скопје: Деца биле истепани од двајца малолетници

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

Инцидент во Влае: Ученик нападнал наставници, кршел инвентар и истепал соученици

Горан Наумовски