Хакерите предупредија дека ќе објават податоци, кои ќе ѝ предизвикаат проблеми на албанската Влада

Од:

Откако хакерите од иранската група „Татковинска правда“ презедоа одговорноста и за кибернападот од петокот врз системот ТИМС на албанските гранични премини, денеска за „Топ чанел“ најавиле објавување податоци од нападнатите системи.

– Стапивме во контакт со оваа група хакери, кои предупредија дека секоја недела ќе продолжат со објавување на податоците добиени од албанските системи. Не само тоа, туку податоците добиени од е-Албанија ги ставија на продажба, каде што гигабајт информации се продава за 0,05 биткоини, јави телевизијата.

Хакерите исто така навеле дека податоците добиени од ТИМС системот ги продале и на „некои луѓе во Албанија и оти за тоа знае Владата“.

– Тие предупредуваат дека многу брзо ќе објават податоци кои ќе ѝ направат проблеми на албанската Влада, додава „Топ чанел“.

По првите кибернапади на 15 јули врз владините и други државни системи медиумите објавија дека хакерите побарале од Владата 70 милиони долари за да не објавуваат од податоците, но премиерот Еди Рама демантираше.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МВР: Активно преземаме мерки за истраги и справување со „фишинг“ нападите

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он