Хакери ја нападнале државната албанска телевизија, побарале 300.000 долари за враќање на архивата

Од:

Албанската радио-телевизија (РТШ) била нападната од хакери, кои побарале 300 илјади долари за враќање на архивата.

Серверите на РТШ биле нападнати од сè уште неидентификувани лица преку хакерски систем наречен „ransomware“, пред околу две недели.

– Хакерите успеале да ја шифрираат базата на податоци на државната радио и телевизија, преку онлајн мрежата.Тие побарале 300 илјади долари за да го вратат материјалот на албанската радио-телевизија и да го дешифрираат, но РТШ одбила да плати, бидејќи поголемиот дел од базата на податоци за среќа била копирана во офлајн резервна копија, пренесува Топ чанел.

Според истиот извор, како резултат на овој напад, оштетен е само дел од дигиталната архива на Радио Тирана. Остатокот од телевизиската архива е пронајдена.

Ова е втор кибер-напад во рок од неколку дена на официјалните веб-страници на албанските јавни институции. Претходно, серверот на Министерството за внатрешни работи и на службата за жалби биле мета на хакерски напад.

Би можело да ве интересира

МВР: Активно преземаме мерки за истраги и справување со „фишинг“ нападите

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он