Гутереш: Поддршка за дијалогот Белград-Приштина, ситуацијата мирна, но со тензии

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во најновиот извештај за Косово ја поздрави одлучноста на Белград и Приштина преку дијалог да дојдат до нормализација на односите, но предупреди дека во изминатите три месеци биле забележани неколку инциденти како резултат на меѓунационални тензии.

„Безбедносната ситуација во Косово, во периодот опфатен со извештајот, е мирна, иако меѓунационалните тензии во неколку наврати прераснаа во инциденти, наведе Гутереш во редовниот тримесечен извештај за состојбата во Косово.

Генералниот секретар во извештајот, во кој имала увид РТС, ги пофали лидерите на Србија и Косово за одлучноста која ја покажале во процесот на решавање на отворените прашања.

Тој наведе дека изјавите на српските и косовските лидери за разграничување предизвикале грижа кај косовските Срби, а наведе дека реакции има и во регионот и меѓународната заедница, кои варираат од повик за преиспитување на сите можности кои би воделе до решение, до сериозна загриженост од можните последици по стабилноста во регионот поради територијалните корекции.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор