Гром уби човек во Црна Гора

Од:

Ѓорѓије Михаиловиќ (46) од селото Заграѓе во Беране (Црна Гора) денес загина од удар од гром, додека Алекса Цикиќ (21) е полесно повреден, потврди полицијата во Беране.

Полицијата во Беране информираше дека денес двајцата биле зафатени од бура на планината додека го собирале сеното.

„Потоа се засолниле од дождот во блиската колиба. Потоа се случил удар од гром. Вистинска среќа е што немало повеќе жртви и повредени бидејќи на истото место имало повеќе жители од тоа село“, соопшти полицијата.

Околу 17 часот, кога се случила трагедијата, делови од територијата на Беране биле погодени од голема бура со дожд, грмотевици, град и бурни ветрови.

Би можело да ве интересира

Од денес, Црна Гора воведува визи за државјани на пет земји

Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват – Скопје

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда