Гренел: Победата на Бајден ќе го врати Балканот во статус кво

Од:

Специјалниот претставник на претседателот Трамп за српско-косовското прашање, Ричард Гренел во неделата се сретна со претставници на српската дијаспора во САД во Питсбург од каде рече дека победата на Џо Бајден на изборите на 3 ноември ќе го врати целиот регион во статус кво состојба.

Гренел спомена дека сите се свесни кој е Џо Бајден и што сторил тој за Балканот.

„Ако Бајден победи, нема да има напредок“, рече тој на митингот за поддршка на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

За време на викендот во САД, беа организирани повеќе митинзи за поддршка на Трамп од српската дијаспора.

Иницијативата „Србите за Трамп 2020“ дадоа силна поддршка во Милвоки, Висконсин и Чикаго.

Претходната недела специјалниот претставник на претседателот на САД  се состана и со српската заедница во Висконсин каде присуствуваше на литургија во храмот „Свети Сава“.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Политико: Гренел ја одби понудата на Трамп да биде директор на националното разузнавање

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Во штабот на Трамп сметаат дека излезноста ќе одлучува за исходот од изборите

Американските разузнавачки агенции работат на сузбивање на руското и иранското мешање во изборите