Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Од:

Грчките власти уапсија неименуван маж кој фотографирал и снимал воен материјал во име на друго лице, соопшти денес полицијата на северот од земјата.

Апсењето уследи по заедничка операција на Националната разузнавачка служба и Поддирекцијата за кривична постапка и истраги во Александрополис, се вели во соопштението на полицијата.

Неименуваниот маж (58) бил ангажиран од друго лице со криминално минато, а властите добиле докази дека осомничениот испраќал релевантен материјал до друго лице преку шифрирана апликација.

Грчките власти истражуваат информации што го поврзуваат случајот со руските разузнавачки служби, објавува „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски