Грците се уште лути на „Њујорк Тајмс“ за Македонија

Од:

Иако го објави уште во јануари, Грците се уште не можат да му простат на „Њујорк Тајмс“ за написот во кој препорачува кои места треба да се посетат во 2015 година, во кој нашата земја ја нарекува Македонија.

„Во провокативниот напис во Њујорк Тајмс, кој има милиони читатели низ целиот свет, не само што Грција е исклучена од туристичките дестинации за 2015, туку и Скопје го нарекува Македонија“, коментираат грчките медиуми.

Под наслов „52 места во кои треба да се оди во 2015“, кусо пред почетокот на туристичките резервации, „Њујорк Тајмс“ пишува за волшебни места низ целиот свет од Азија до Америка, и Австралија до Европа, меѓу кои нема место за Грција, потсетуваат грчките медиуми.
„Наместо тоа, во статијата ги има двете соседни земји: Македонија и Турција. Па дури и на провокативен начин“, се нагласува во Грција.

На Грците им пречи тоа што угледниот весник нашата земја ја нарекува со нејзиното уставно име Македонија, но многу се револтирани и од тоа што на крајот од текстот авторот го препорачува градот Кас на југот од Турција, наместо грчкиот остров Кос.

Прашувајќи дали им се прескапи грчките острови, весникот препорачува да се посети јужна Турција.

„Кос е аут, Кас е ин. И покрај економската катаклизма во Грција, цените на грчките острови останаа високи, и тие имаат се помалку да им понудат на туристите кои сакаат аранжмани „се вклучено“. Одете на медитеранскиот брег на Турција, и во неговиот скапоцен камен Кас“, порачува „Њујорк Тајмс“.

Би можело да ве интересира

Исчезна 16-годишно девојче од Атина, последен пат е видена во неделата

Турист од САД е пронајден мртов на остров во близина на Крф, во Грција исчезнаа уште тројца туристи

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Грција: Четворица загинаа во автобуска несреќа, тројца се повредени

(ВИДЕО) Оружен инцидент во супермаркет во Грција, едно лице загина, а друго е повредено

Горан Наумовски

Поради високите температури на Грците им е забрането да работат надвор: Казни од 2.000 евра

Исчезна Американец на грчки остров, по туристот е организирана голема потрага