Грците не се единствени во спорот со името

Од:

Лидерот на грчката партија Независни Грци Панос Каменос повторно го повика премиерот Андонис Самарас да одговори дали дозволил употреба на терминот Македонија во името на нашата земја.

Во својот говор од градот Вериа, Каменос го повика Самарас „итно да му одговори на Парламентот дали или не го отстапил терминот Македонија“.

– Самарас е обврзан да одговори дали го отфрлил ставот на владата во 1993 година дека е неприфатлива употреба на терминот Македонија. Сега како премиер потклекна и го дозволи терминот Македонија за сложено име и му кажа на министерот за надворешни работи да објави ? Ако се осмелува, нека одговори, рече Каменос.

Тој го обвини Самарас дека веќе четири недели одбива да одговори на ова прашање во Парламентот.

Лидерот на Независни Грци пред точно еден месец од парламентарната говорница упати прашање до премиерот Самарас дали ќе прифати сложено име со географска одредница за вкупна употреба во кое ќе го има и терминот Македонија.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски