Грција се задолжи уште 728 милиони евра преку програма на ЕУ

Од:

За финансирање на системот за економска поддршка на вработените, Грција денеска доби уште 728 милиони евра во вид на заем, преку европската програма за привремена поддршка за ублажување на ризиците од невработеност во итни случаи (СУРЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Информацијата ја соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку нејзиниот профил на Твитер.

– Задоволство ми е да соопштам дека Грција денеска доби дополнителни 728 милиони евра во заеми преку СУРЕ за финансирање на системот за скратено работно време и поддршка на вработените. Вкупно, Грција има добиено 2,7 милијарди евра, напиша Лајен на грчки јазик.

Според грчките медиуми, станува збор за четвртата рата финансиска помош од конкретната програма.

Претседателката на ЕК, преку Твитер исто така соопшти дека вкупно девет земји денеска добија транша од европската програма, а за секоја земја, Лајен напиша посебен твит, на јазикот на конкретната земја.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот