Грција ќе дозволи влез на туристи вакцинирани и со руската и кинеската вакцина

Од:

За летната сезона, Грција ќе дозволи влез на туристи кои се вакцинирани и со руската и со кинеската вакцина, потврди грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи во интервју во рамките на конференцијата на „Фајненшл Тајмс“ и уште еднаш истакна дека земјата, за туристите ќе биде отворена од 15 мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако Европската Комисија има поинаков став за конкретните вакцините, Мицотакис сепак вели дека тие остануваат на нивната позиција да ги признаат и тоа пред сѐ се однесува на руската вакцина, поради тоа што очекуваат туристи од Русија.

-Русија е важен пазар за нас. Од податоците што ги имаме на располагање сметаме дека руската вакцина е безбедна и ефикасна. Секако, не е одобрена од ЕМА, затоа и не ја користиме вакцината, во целосна согласност со европските регулативи во врска со набавките, но јас не гледам никаков проблем, во Грција да примиме туристи кои биле вакцинирани со вакцината Спутник, објасни грчкиот премиер.

Грчкиот премиер истакна дека намерата е туризмот да биде безбедно отворен, а тоа значи дека „ако некој сака да патува во Грција без да биде потребен карантин ќе треба, на грчките власти да им покаже сертификат за вакцинација, потврда дека ја прележал болеста или негативен ПЦР или антиген тест“.

-Очекуваме да ги пречекаме туристите од 15 мај, веќе ги отворивме угостителските објекти и малопродажбата, па така првите посетители кои од 15 мај ќе дојдат во Грција, ќе посетат земја во која економските и општествените активности веќе се вратени во нормала, додава грчкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната