Грција го затвори воздушниот простор за сите руски авиони

Од:

Во согласност со одлуката на Европската Унија да го затвори воздушниот простор за Руската Федерација, Грција од денеска во следните три месеци забрани летови на сите авиони од Русија, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно издадените авио упатства (НОТАМ) од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, во воздушниот простор на Грција, „забрането е слетување, полетување, влегување и минување низ националниот воздушен простор на Грција на авиони во сопственост на Русија, на руските авиокомпании (AOC), вклучително и приватни авиони“.

Исклучок се хуманитарните летовите, болничките летови и летовите за потрага и спасување по добиено одобрение на грчката Влада, како и сите летови на авиони за итни случаи.

Конкретните авио упатства стапуваат во сила денеска и ќе важат три месеци.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски