Грчките власти спасиле околу 1.000 мигранти во последните три дена

Од:

Грчката крајбрежна стража во последните три дена спасила 992 бегалци, кои се обиделе да влезат во земјата од турска страна.

Западните медиуми објавуваат дека од петокот до денеска во источниот дел на Егејското Море биле спроведени 32 спасувачки операции во близина на неколку грчки острови, меѓу кои Лезбос, Самос и Родос.

Според меѓународната организација за миграција, бројот на мигрантите кои пристигнале во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годинава надминал 350.000 лица. Најголемиот дел од нив пристигнале од Грција, околу 218 илјади, потоа следуваат Италија, околу 114 илјади, Шпанија, околу 2.000 и Малта – 94 лица.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто