Грчкиот претседател повторно бара самит на ЕУ за кризата со мигрантите

Од:

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос побара од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, да свика итен самит на лидерите на Европската унија за решавање на растечката криза со миграцијата.

Павлопулос, кој телефонски разговарал со Туск, го упати барањето еден ден откако Грција побара 2,5 милиони евра итни финансиски средства од ЕУ за да се справи со бегалската криза.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, кон крајот на минатиот месец Павлопулос исто така предложи да се одржи самит на лидерите на Европската унија на кој ќе се дискутира за се поголемиот број мигранти и бегалската криза и повика на поблиска соработка со Обединетите нации.

За време на состанок со министерот за здравство Панајотис Курублис, Павлопулос рече дека миграциската криза „не е само прашање на безбедноста, туку исто така, и хуманитарна криза“.

– Мора да има заедничка европска политика. Ова е обврска на Европската Унија и нејзините институции, истакна гречкиот претседател.

Тој тогаш повика итно да се свика самит на лидерите на ЕУ, на кој ќе учествува и Агенцијата на ОН за бегалци.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија