Грчкиот Парламент со широко мнозинство го ратификуваше Договорот за одбранбена соработка со Франција

Од:

Со широко мнозинство и 191 глас „за“, грчкиот Парламент вечерва го ратификуваше Договорот за воспоставување стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Франција и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Договорот го поддржаа пратениците од владејачката Нова демократија и од опозициските Движење на промена и Грчко решение.

Против беа 109 пратеници од СИРИЗА, Комунистичката партија и МЕРА25.

Договорот за стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка, што пред десетина дена беше потпишан во Париз, меѓу другото ја вклучува и намерата на Грција за набавка на три модерни француски фрегати „Belharra“.

Би можело да ве интересира

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција