Грчки пратеник бара ЕУ да не и дава пари на Атина

Од:

Грчкиот опозицски пратеник Кирјакос Мицотакис побара од ЕУ да не и исплаќа дополнителни пари на Грција, се додека Владата во Атина не покаже подготвеност за спроведување на реформи.

– Очекувам во најмала рака од грчката Влада да биде побарано Парламентот да усвои закон за реформите, како доказ дека таа навистина има (парламентарно) мнозинство за спроведување реформи. Тоа е апсолутно неопходно, изјави Мицотакис во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“.

Според Мицотакис, голем дел од пратениците на владејачката Коалиција на радикалната левица (Сириза) најверојатно не се подготвени да го поддржат спроведувањето на реформите што се бараат од Грција.

– Во таков случај Владата повеќе не би имала мнозинство, а со тоа не би ни имало Влада, вели Мицотакис.

Опозицискиот пратеник оценува дека изборните ветување на Сириза се во колизија со политичката реалност, па сега нејзината Влада ќе мора многу брзо да носи одлуки.

– Владата ќе мора или да предложи пакет со вистински рефоми, што ќе го стави на испит единството на пратеничката група (на Сириза), или да не го стори стори тоа и да ризикува да остане без пари до Велигден, смета Мицотакис.

Според него, голем дел од пратениците на Сириза „не вериваат во реформи и се целосно неспособни“. – Тоа се луѓе кои немаат никакво искуство, истакнува Мицотакис во интервјуто.

Кирјакос Мицотакис, кој е пратеник од редовите на конзервативната партија Нова Демократија, е син на некогашниот грчки премиер Константин Мицотакис и брат на поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос