Грчката Влада за 17. декември го закажа првиот круг од претседателските избори

Од:

Грчката Влада реши да ја забрза процедурата во Парламентот за избор на нов претседател на земјата, закажувајќи го првиот круг од гласањето за 17 декември, соопшти ТАСС.

Согласно првичниот план изборите требаше да се оддржат во првото тримесечје од 2015 година.

Евентуалниот неуспех на претседателските избори, кои се изведуваат во три круга, ќе доведе до предвремени парламентарни избори, забележаа француските медиуми.

Информирајќи го претседателот на заминување, Каролос Папуљас, за нивната владина одлука премиерот Андонис Самарас и вицепремиерот Евангелос Ванизелос вчера и од претседателот на Парламентот побараа што е можно побрзо да ја почне процедурата за избор на нов претседател.

Оваа одлука на Владата, според владиното коминике, се поврзува со двомесечното продолжување на планот за финансиска помош на Грција, за што вчера одлука донесоа меѓународните кредитори на земјата.

„Политичката несигурност треба да се прекине во моментов“, се посочува во коминикето.

Портпаролката на грчката Влада, Софија Вултепси, соопшти дека доколку на првиот круг од гласањето, на 17 декември, не се избере нов претседател, тогаш новото гласање ќе биде на 23 декември, а ако и тоа биде неуспешно, последниот трет круг ќе се организира на 29 декември.

Во првите два круга од гласањето за избор на нов шеф на државата се потребни 200 пратенички гласа од вкупно 300 во еднодомниот Парламент, а во третиот круг се бараат 180 гласа. Ако и во последниот круг не биде избран претседател, во земјата се објавуваат предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос