Грчката полиција заплени 210 килограми, а италијанската 760 килограми албанска марихуана

Од:

Во две одделни акции на грчката и италијанската полиција запалнети се околу еден тон албанска марихана.

На влезот на пристаништето во грчкиот приморски град Игуменица заплените се 210 килограми марихуана сокриени во камион натоварен со мебел, чија крајна дестинација била Италија.

Дрогата била откриена кога камионот бил ставен на скенер, а според полицијата истата била натоварена во Албанија, транспортирана до Солун каде бил натоварен и мебелот.

Приведени се двајцата возачи на камионот, грчки државјани, како и четворица албански државјани.

Член на оваа криминална група е уапсен во Германија.

Станува збор за организирана група на меѓународен шверц на дрога на релација Албанија-Грција-Италија-Германија-Холандија.

Во меѓувреме италијанската полиција, кај Лече, во моторен чамец откри и заплени 760 килограми марихуана транспортирана од Албанија.

Доколку истата би стигнала на пазарот нејзината вредност се проценува на 7,5 милиони евра.

Шверцерите, го напуштиле чамецот и успеале да избегаат пред да пристигне полицијата.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он