Грчката полиција во две акции заплени 600 кг. марихуана шверцувана од Албанија

Од:

Грчката полиција во две одделни акции заплени 600 килограми марихуана. Во синоќешната акција во близина на преминот Ќаф Бота, на грчко-албанската гранциа запленети се 302 килограми марихуана, пакувана во 251 пакет.

Дрогата била скриена во камион ладилник, со кој управувал триесет и осум годишен грчки државјанин, кој е уаспен.

Претходно (во неделата вечерта) на патниот парвец Какавија-Јанина грчката полиција заплени 300 килограми марихуана скриена во автомобил со кој управувал албански државјанин.

Во меѓувреме албанската полиција синоќа заплени 20 килограми марихуана, кај месноста „Ладна вода“ на патниот правец Тепелена-Ѓирокастро. Уапсен е триесет и едногодишен Албанец, во чиј автомобил кабрилет била откриена дрогата.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина