Грабар-Китаровиќ ја прекина посетата на Исланд поради случувањата во Хаг

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ја прекина посетата на Исланд и веднаш се враќа во Хрватска поради денешните случувања во Хашкиот трибунал при изрекувањето на пресудите на некогашните полиитчки и воени лидери на босанските Хрвати, додека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека попладнево ќе има обраќање до јавноста во врска со случајот.

Хрватските медиуми јавија дека Китаровиќ и Пленковиќ се во постојан контакт за случајот „Прлиќ и останатите“.

Китаровиќ, исто така е во постојан контакт со правосудните експерти, Министерствата за надворешни и европски работи, хрватскиот амбасадор во Холандија и Хрватите во Босна и Херцеговина.

Хрватскиот премиер само кусо изјави дека е шокиран од постапката на поранешниот началник на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана, генералот Слободан Прљак, кој пти изрекувањето на пресудата испи отров во судницата, по што подоцна почина во болница.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб