Анте Готовина, по ослободителната пресуда во Хаг, во интервју кое го објави српски „Курир“ вели дека протераните Срби „треба да се вратат во Хрватска, бидејќи тоа е нивна татковина“.
„Тие се граѓани на Хрватска. Тоа е нивна татковина како што е и моја, тука се нивните домови“, рекол Готовина во интервју за српскиот весник “Курир“ и додал дека „иднината зависи од нас, таа е пред нас“.
„Тоа е реалност, тоа се нивните домови, тие треба да бидат во нивните домови ако тоа го сакаат. Тоа е јасно. Оние кои сакаат да се вратат, кои имаат куќи овде не треба да ги повикувам. Тие треба сами да си дојдат“, вели Готовина.