Голема спасувачка операција е започната на реката Сава помеѓу Штитаре и Бабина Греда откако полицијата доби дојава дека неколку лица се во водата. Повикот e примен во 1:42 часот, соопшти хрватската полиција.
Полициски патроли, полициски чамец и беспилотни летала итно се испратени на местото на настанот.
Припадници на Цивилната заштита, Хрватската планинска служба за спасување, Јавната противпожарна служба Жупања и Службата за итна медицинска помош веднаш беа вклучени во операцијата.
Операцијата за пребарување и спасување е во тек.
