Голема поплава во Ријека, загина маж во автомобил

Од:

Риека вчера ја зафати силно невреме кое предизвика огромни поплави. Сообраќајот во делови од градот, вклучително и поголемиот дел од центарот е блокиран, а сите служби за итни случаи се на терен. Поплавени се училишта, музеи, згради на ректоратот и на полицијата, како и куќи и згради низ цела Риека. Бројни автомобили останаа заглавени во поплавените улици. Некои патишта се целосно потопени.

Полицијата во Риека извести дека синоќа околу 19.30 часот добила пријава дека во поплавен автомобил е пронајдено машко лице. Кога пристигнала брзата помош, мажот починал. Телото е испратено на обдукција.

Според неофицијални податоци, во средата вечер во Риека за два часа наврнале 140 литри дожд на метар квадратен. Сообраќајот низ улиците на центарот на градот е оневозможен или забавен.

Атмосферската канализација не можеше да го прифати целиот дожд, па улиците беа поплавени. Исфрлени се и капаците на шахтите, па некои автомобили се заглавиле во отворите.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол