Голем шумски пожар на југот од БиХ

Од:

Голем шумски пожар беснее на Драгањската Планина во близина на Јабланица во јужниот дел на Босна и Херцеговина и се шири кон околните населени места.

Во моментов најзагрозено е селото Третишќе. (Огнот) се приближува и кон другите сели, но кај Третишќе е најблиску до куќите, изјави помошник началникот за Цивилна заштита на Општина Јабланица, Омер Незириќ, додавајќи дека на таков стрмен терен „секој вжарен камен може да се затркала и да направи хаос“.
Пожарот избувнал уште пред пет дена, но на интензитет добил во текот на вчерашниот ден, започнувајќи забрзано да се шири кон населените места.

Во гаснењето на огнот, кое го отежнува непристапниот терен, одроните на камења и густата борова шума, се вклучени околу 40 пожарникари, потпомогнати од хеликоптери.

Фото: Аваз

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина