Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

Од:

Во Хрватска нагло порасна бројот на агенции за привремено вработување на странски работници. Интересот за работа во Хрватска расте во последните неколку години, а голем број македонски сезонски работници заминуваат токму таму на работа.

Во 2021 беа укинати квотите за вработување странци, а со тоа се отвори и пазарот за странските работници. Со тоа, Хрватска се побрзо се справува со економската криза која беше предизвикана од Ковид-19.

Според хрватското МНР, во 2023 година биле издадени над 160 илјади дозволи за привремена работа и престој и тоа најмногу во градежништвото, туризмот, индустриското производство, транспорт и трговија, пишува Индекс.хр.

Во 2022 година бројот на издадени дозволи за сезонски работници бил околу 120 илјади.

Од вкупниот број на дозволи, околу 104 илјади биле за нови вработувања, 37.000 за продолжување на договори, но и 18.000-19.000 за сезонски работници и тоа најмногу во областа на туризмот.

Најмногу сезонски работници во Хрварска доаѓаат од Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, а потоа и од Косово и Албанија.

Би можело да ве интересира

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Неготинец остана без 77.500 денари, бил жртва на вешт измамник

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб