Ѓукановиќ: Неодамнешните избори потврдија дека Црна Гора го разбира процесот на демократија

Од:

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека парламентарните и локалните избори во земјата го потврдиле напредокот во демократскиот развој на црногорското општество и покажале дека Црна Гора го разбира процесот на демократија.

Тој по повод „Меѓународниот ден на демократијата“, на Твитер напиша дека Црна Гора има обврска да продолжи со унапредување на демократијата, слободата, еднаквоста, човековите права и владеење на правото.

“За да се поттикне демократско учество, бидете транспарентни и одговорни. Неодамнешните избори го потврдија напредокот во демократскиот развој на црногорското општество. Граѓаните покажаа дека Црна Гора го разбира процесот на демократија и ја потврдија важноста за зајакнување на демократските институции, вклучително и капацитетите за зајакнување на отпорноста кон растечкиот број на различни форми на манипулација и дезинформација “, напиша Ѓукановиќ.

Црногорскиот претседател додаде дека со целосно учество, одговорност и соработка, народот може да ја зајакне довербата и напредокот кон целта – највисоките вредности на демократијата да станат реалност за секој поединец.

Би можело да ве интересира

Абазовиќ: Ме чува полицијата, Ѓукановиќ нема лесно да ја даде власта

Горјан Грнчаровски

Објавени конечните резултати од парламентарните избори во Црна Гора

Ана Ололовска

Црногорската опозиција ги договори правците на идната влада

Ана Ололовска

ВИДЕО: Загрозена безбедноста на Дритон Абазовиќ откако му сврте грб на Ѓукановиќ за коалицирање

Горјан Грнчаровски

Ѓукановиќ: ДПС е подготвена да биде најголемата опозициска партија во Црна Гора

Ана Ололовска

ДПС на Ѓукановиќ со порака до меѓународната заедница да молчи, а тие ќе се обидат да направат влада

Ана Ололовска