Ѓукановиќ: Црна Гора е пред предвремени избори

Од:

Црна Гора се соочува со предвремени парламентарни избори, кои треба да доведат до формирање на одговорна политичка влада, со цел враќање на целосната функционалност на земјата, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Според соопштението на Канцеларијата за односи со јавноста на претседателот, Ѓукановиќ се сретнал со новоименуваниот регионален директор на Фондацијата Конрад Аденауер, Јаков Девчиќ, кој е во посета на Црна Гора.

Тој го информирал Девчиќ за актуелните настани во земјата, додавајќи дека како резултат на неодговорното однесување на претходната влада, Црна Гора ја пропуштила шансата да напредува на европскиот пат во периодот на изразен ентузијазам за политиката на проширување што доаѓа од Брисел и други европски земји.

Ѓукановиќ нагласи дека неодамнешните настани во парламентот доведоа, според неговите зборови, до дерогирање на врховниот закон.

– Црна Гора реално се соочува со предвремени парламентарни избори, кои треба да доведат до формирање на одговорна политичка влада со цел да се врати целосната функционалност на земјата, нагласи Ѓукановиќ.

Девчиќ истакна дека очекува продолжување на соработката и во иднина, како и подобрување на активностите на фондацијата, која ја поддржува независна Црна Гора на нејзиниот пат кон Европа.

Зборувајќи за актуелната институционална и политичка криза, тој рече дека уставот на една држава не може да се менува поради незадоволство, ниту пак врховниот закон да биде жртва на нечија волја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски