Ѓилас: „Сега ќе плаќаме поскапа нафта затоа што не воведовме санкции“

Од:

Лидерот на ССП, Драган Ѓилас, реагираше на веста дека осмиот пакет санкции на ЕУ го укина ослободувањето на Србија од увоз на руска нафта.

„Барел руска нафта во просек е 20% поевтин од барел нафта од типот Брент. Толку од тоа дека нема никакви последици за неусогласеноста на нашата надворешна политика со политиката на Европската унија“, напиша Ѓилас на Твитер.

Земјите-членки на ЕУ вчера гласаа за осмиот пакет санкции против Русија, кои имаат за цел да ја ограничат цената на нафтата што Русија ја извезува во Европската унија и трети земји. Оваа одлука се однесува и на Србија, бидејќи во неа е опфатена забраната за увоз на руска нафта преку Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) низ Хрвтаска, преку кој годишно од Русија во Србија стигнувале во просек од 16 до 20 отсто од овој енергетски производ

Би можело да ве интересира

Грците го прекинаа транспортот на руска нафта

Катерина Ѓуровски

Нема руска нафта веќе за Србија, возачите во паника

А1он

Нафтата падна на 86 долари поради планот за ограничувањето на цената на руската нафта

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Санкциите не ги воведе Хрватска туку сите земји-членки на ЕУ

А1он

(ВИДЕО) Пленковиќ и одговори на Србија: Сега станав главен усташ

А1он

Вучиќ за забраната на руска нафта: Хрватска не е виновна, си ја врши работата што ја прави со децении

А1он