Вучиќ за забраната на руска нафта: Хрватска не е виновна, си ја врши работата што ја прави со децении

Од:

Хрватска не е виновна, таа си ја врши работата, што ја прави со децении, а наше е да најдеме одговори во иднина, вели српскиот претседател Александар Вучиќ од Прага, каде што учествува на самитот на Европската политичка заедница.

Кога дојде на самитот, тој одговори на прашањето на медиумите за тоа дека на инсистирање на Хрватска во пакетот за набавка на нафта е вклучена и Србија, која повеќе нема да може да увезува руска нафта преку Јанаф.

– Добивме информација дека оваа одлука е донесена многу порано. Потоа побаравме да се изземе, да се дерогира од таа норма за Западен Балкан и Србија. Така требаше да биде во нацртот, а потоа нашите соседи се пофалија дека се одговорни што нема отстапување од таа норма, за инаку генералното воведување санкции за увоз на руска нафта, со што се изземаа некои земји, како Бугарија и Унгарија, но не и Србија – рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски