Ѓерлек: Колективен имунитет во Србија е можен веќе во мај или јуни

Од:

Србија до денес има вакцинирано 544.209 жители, и ако продолжиме со исто брзо темпо, безбеден колективен имунитет од 65-70 проценти од населението со 2,5 до 3 милиони вакцинирани и заразени со самоинфекција, може да очекуваме во мај или јуни, изјави за српски Курир државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Мирсад Ѓерлек, кој е исто така шеф на Националното координативно тело за имунизација.

Тој потсетува дека експертите проценуваат дека 30 до 33 проценти од населението се заразило природно.

– За да достигнеме 20% вакцинирани од популацијата и всушност да ја завршиме првата фаза на имунизација, што е околу 1.400.000 лица, потребни ни се уште 800 до 900 илјади луѓе да ја примат вакцината. Бидејќи секој треба да прими две дози, тоа е околу 1.800.000 вакцини, вели Ѓерлек.

– Да бидеме реални, сепак треба да постигнеме колективен имунитет. Меѓутоа, ако продолжиме со темпото на имунизација како во последните 20 дена, а само во претходните 10 дена беа вакцинирани 300.000 лица, можеме многу пооптимистички да погледнеме на создавање колективен имунитет и да достигнеме 50% за два месеци – посочува Ѓерлек.

– Ако ги добиеме најавените милиони дози од Кина и Русија во текот на февруари и март, за кои претседателот Вучиќ веќе зборуваше, плус вакцини и од „Фајзер“ што редовно пристигнуваат на неделно ниво, и ако ги достигнеме тие 50 проценти од населението, ќе ни фалат најмалку 15 проценти или околу милион вакцинирани, па можеме да кажеме дека имаме колективен имунитет, додава тој.

– Иако имаме договорено 11 милиони дози, многу е тешко да се добијат тие договорени вакцини. Но, сметаме дека државата има сила да ги обезбеди потребните количини, пред се преку лични контакти на претседателот на државата. Ако продолжиме да бидеме лидер во имунизацијата веќе во мај или јуни, можеме да зборуваме за колективен имунитет. И дека ова лето ќе биде многу порелаксирано од минатото, објаснува Ѓерлек и додава дека сето ова е можно ако вакцинацијата тече со добро темпо и ако нема изненадувања во однос на мутациите и новите видови вируси кај кои вакцините не би помогнале, иако е мала веројатно, бидејќи објаснува, сите вакцини засега се ефикасни.

Ѓерлек исто така потсетува дека околу 9 000 вакцини „Фајзер“ треба да пристигнат утре, 40 000 следниот понеделник, додека 46 000 дози треба да бидат доставени на Србија на 22 февруари.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија