Германија: Балканските земји станаа „безбедни држави“

Од:

Во Германија вчера стапи во сила оспоруваниот закон, со кој повеќе земји од Западен Балкан се прогласени за „безбедни држави“, со што се олеснува протерување на азиланти во тие земји.

Барањата за добивање азил од граѓаните од Македонија, БиХ и Србија, кои речиси немаат никакви шанси да добијат статус на азиланти, можат во иднина да бидат брзо решавани, пишува виенскиот весник „Стандард“.

– Доколку сакаме нашата хуманитарна одговорност трајно да ја исполнуваме мора во исто време да се погрижиме на оние на кои не им е потребна заштита, да им го укинеме што е можно побрзо престојот во Германија, порача германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.

Бундесратот, Домот на покраините, во септември, по долги преговори, го одобри спорниот закон на германската Влада, со кој повеќе земји од Балканот се ставени во „безбедни земји на потекло“.

Инаку, и досега само мал број грѓани од овие земји добиваа статус на азиланти.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија