„Газета експрес“: Вонредните избори во Косово на 29 септември

Од:

Косовските политички партии ќе ги измерат силите на вонредни парламентарни избори во последната недела од септември годинава, пишува денеска приштинскиот портал „Газета експрес“, повикувајќи се на извори во кабинетот на претседателот на Косово Хашим Тачи.

Тачи се очекува да го прогласи 29 септември за ден на изборите, по седницата на косовското Собрание, на 22 овој месец, кога се очекува одлука за самораспуштање на законодавниот дом, откако претходно, минатиот месец, премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка.

По собраниската седница на 22 август, Тачи се очекува да ги повика на консултации лидерите на парламентарните партии, по што ќе го објави датумот за вонредните избори, тврдат изворите од претседателскиот кабинет.

Сите парламентарни партии, како од власта, така и од опозицијата, се согласија дека единствен излез од моменталната политичка ситуација се вонредните избори. Претходно, владејачката коалиција ја одби поканата на Тачи да именува мандатар за нов претседател на Владата.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина