„Газета експрес“: Повеќе значајни личности од Косово деновиве ќе бидат повикани во Хаг

Од:

Косовскиот портал на албански јазик „Газета експрес“ објави денеска дека во наредните две недели се очекуваат значајни сослушувања во Специјалниот суд за Косово во Хаг, каде што ќе бидат повикани лица кои се директно поврзани со челниците на државните институции.

Неименуван извор изјави дека станува збор за истакнати поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои се познаници и пријатели на највисоките државни раководители.

– Најновата ситуација околу трибуналот, со последните покани, ја подигна температурата кај политичарите. На некои од високите државни фигури веќе им е јасно за природата на злосторствата за кои се поведени истраги и знаат дека можат да бидат покренати обвиненија против нив, вели изворот на порталот, додавајќи дека имињата на повиканите од Трибуналот ќе бидат објавени во наредните десетина дена.

– Постапката се држи во тајност, а истражителите на Меѓународниот суд вршат интервјуирања и во Косово, тврди друг неименуван извор.

Првите обвиненија за злосторства на поранешни припадници на ОВК врз цивили Албанци и Срби во Косово по војната во 1999 година, според „Газета експрес“, ќе бидат подигнати во текот на оваа година.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски